Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Прополис

 Прополисот е смолесто-леплива материја кој што пчелите го произведуваат со собирање смолести материи од пупките на некои растенија како што се бреза,ела,топола и др. и со додавање на восок и секрети од нивните жлезди. Смолата е главна суровина од која пчелите произведуваат прополис кој со своите бактериски и бактериостатички особини претставува санитарно средство кое им служи за дезинфекција на внатрешноста на кошницата. Има жолто - зелена до темно црвена боја. Ако се чува подолго време постанува потемен, а под дејство на сонцето ја губи пластичноста. На температура над 30 степени е мека леплива маса, а под 15 степени крута и цврста.  Прополисот има специфичен смолест мирис и горчлив вкус, а по структура е густ и нехомоген. Не е растворлив во вода. Растворлив е во 96% алкохол и овој раствор се користи како основа за примена на прополисот. Тој е природен производ и се користи како лек. Се користи во лечење на кожни повреди,рани и инфекции, лечење на болести на грлото, очите, ушите, женските и машките репродуктивни органи, цревата, кожата, бронхијална астма, чир на желудник и дванаесетпалачно црево и др. Во последно време се употребува при лечење на канцерогени болести како рак на желудник, грло, кожа, простата, гради и др.При канцерогените заболувања, покрај препаратите на база на пчелни производи, треба да се голтаат и парчиња од суров прополис, но тој треба да биде исклучително чист.

Се добива со гребење на дното на кошниците или со специјални решетки.

Производ  :

- Шишенце раствор на прополис.

- Сиров Прополис

Propolis