Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Мечки  пустошат по Битолските пчеларници


Со тоа што мечката е ставена на листата на заштитно животно се зголеми бројот на штети во пчеларниците. Мечката е голем љубител на мед и има големо чувство за мирис и може да намириса присуство на пчели уште од далеку. Во потрага по храна ништо не ја запира ниту високите огради ниту бодликавата жица. Во битолскиот регион во повеќе наврати уништи повеќе од 100 пчелни семејства, најзагрозени се селата  Дихово, Буково, Нижеполе и Ротино. Притоа пчеларите се приморани да ја тужат државата за направените штети од мечката. Но судските процеси се долги и макотрпни а исто така и скапи, при тоа пчеларите бараат од надлежните да направената штета да се плати на лице место со цел да се избегнат сите овие процедури.


Сигналот од мобилните ги убива Пчелите


Научниците тврдат дека сигналот од мобилните телефони  е одговорен за наглото намалување на популацијата на пчелите во светот. Според студијата објавена во Швајцарија јасно покажува  дека сигналот од мобилните телефони ги збунува пчелите, кои реагитаат така што почнуваат дезориентирано да летаат и потоа умираат. Истражувачите поставиле мобилни телефони во неколку кошници и утврдиле дека пчелите  произведуваат дест пати поголема бучава кога телефонот бирал број или примал повик, отколку кога бил исклучен или на стендбај. Зуењето на пчелите драстично се зголемува штом телефонот заѕвони , зраците од телефонот и бучавата очигледно ги вознемируваат. Тие реагираат така што ја напуштаат кошницата, а понекогаш се толку збунети што летаат наоколу се додека не угинат. Мобилните телефони погубно дејствуваат врз пчелите  -  покажа студијата. А сето ова значи - користете ги моблините телефони што е можно помалку за да го зачуваме единствениот инсект на светот кој работи за нас луѓето.