Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

- Ако  на Свето Благовештение ( 7 април) пчелите јако зујат годината ќе биде медна.

- Предвреме формираните легла навестуваат добра година.

- Пред суша пчелите стануваат лоши и напаѓаат.

- Ако доаѓа невреме пчелите ќе летаат близу сандаците, а ако доаѓа

убаво време пчелите летаат далеку по ливадите.

- Ако пчелите наутро не летаат по ливадите, туку остануваат во сандаците навестуваат дека ќе има врнежи.

- Доколку времето се наоблачува, а пчелите ја продолжуваат својата работа, не се враќаат во сандаците навестуваат дека нема да има врнежи; и спротивно при облачно време ако пчелите се враќаат брзо и се кријат во сандаците за 1 час треба да се очекуваат обилни врнежи.

- Рано заврешен пчелин лет кажува дека ќе има убаво сончево време и ваквото време ќе трае и до следниот ден ; и спротивно силен лет до касни вечерни часови навестуваат лошо време.

- Ако пчелите брзо ги отстрануваат трутовите значи дека брзо ќе ни дојде зимата.

- Ако пчелите  уште од наесен ги лепат отворите треба да очекуваме ладна зима.