Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Секое пчелно семејство се состои од :

- матица,

- пчели работнички ,

- трутови.

Пчелното семејство е цврсто изградена заедница, во која работата е во хармоничен ред. Секоја работа на одделните членови од пчелното семејство му служи единствено на целото семејство, па затоа често се споредуваат со организмот каде што секоја клетка има своја функција.

Матицата е најголемиот и најкрупниот член на пчелното семејство.За време на својот живот, кој што трае од 4-5 години ( но може да живеат и до 7 години) матицата неси преку милион оплодени и неоплодени јајца. Од оплодените јајца се изведуваат пчели работнички и нови матици, а од неоплодените јајца се изведуваат трутовите.  Должината на телото на матицата изнесува 15 до 20 мм, а може да теже до 0,20 грама.

Секое пчелно друштво има една матица, но понекогаш може и едно друштво да има две матици. Но друштво со две матици тешко опстанува, затоа што настанува борба меѓу нив во кој што една од нив ќе биде убиена. Затоа друштво со две матици може само кога пчелите сакаат да ја заменат старата матица или ако имаат слаба млада матица.

Пчели работнички се поситни индивидуи од матицата. Долги се 12 до 14мм, а просечната тежина им изнесува 0,1 грам. Работнички се викаат затоа што само тие, од целото пчелно семејство, се работни членови. Пчелите работнички живеат од неколку дена, недели па до 6 и 8 месеци, во зависност од пчеларската сезона.

Пчелите работнички се најмногубројни во пчелните друштва. Нивниот број во пролет може да биде и до 20.000 пчели работнички, со нагло покачување на почетокот на летото со околу 70.000, додека  во есен постепено се намалуваат за да до зима достигнат дури до 30.000 пчели работнички.

Трутови се машки индивидуи и членови на пчелното семејство. Нивната функција е да ја оплодат матицата во времето на спарувањето. Телото на трутот е подебело и покрупно од пчелите работнички, така што должината му достигнува 15 до 17мм, а тежината до 0,2 грама.  Животот на трутовите трае 3 до 6 месеци.

Трутовите не извршуваат никаква работа во друштвото. Се хранат со готова храна. На крајот на пчелната паша пчелите не им даваат пристап до храната и ги изолираат на дното од сандакот. Истоштени од глад тие не можат да се спротистават и пчелите ги извлекуваат надвор од сандакот.