Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Производство на Матичен Млеч

Пред почетокот на производство на Матичен Млеч неопходно е да се одредат кои пчелни семејства ќе бидат вклучени во производството на Матичен Млеч. Пчелните семејства ги одредуваме според бројноста на пчелите а таа не смее да биде помала од 50 000 пчели работнички. При тоа на тие семејства се врши обезматичување т.е. се вади матицата од тие семејства, и се оставаат така повеќе од 24 часа. Во тие семејства мора да има доволно храна(мед и перга), следна постапка е матичните чаури да се стават во тоа семејство со цел да чаурите се исполираат и феромонизираат, потоа се вадат чаурите и во нив се пресадуваат ларвите кои не треба да се постари од  24 часа.Просторијата во која ќе се врши пресадувањето мора да биде осветлена и влажноста на воздухот да биде околу  80 %. Пресадувањето се врши со игла за пресадување. Матичниот Млеч се вади од чаурите  на четвртиот ден. Одкако ќе се извади Матичниот Млеч од чаурите се става во посебни стерилизирани шишенца  кои одкако ќе се наполнат до одредено нив се затвараат, и со горниот дел се потопуваат во растопен восок со што се запечатуваат и се превиткува со алуминиумска фолија  и се чуваат во замрзнувач на температура не помала од 10 степени.