Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

     Мед

Медот е слатка течно-густа или кристализирана  материја со специфичен вкус и мирис. Секој природен мед кристализира,и медот е единствената храна која нема ограничен рок на траење. Медот на пазарот се продава цеден или во пита.Медот не е индустриски производ туку е природен извор.

Медот е добар за децата и спортистите,за стари и изнемоштени лица,како и за сите оние што се занимаваат со некоја физичка и интелектуална работа. Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање. Медот претставува еден од најзначајните пчелни производи поради што и човекот заради медот почна да се занимава со пчеларење.Особено медот е хранлива намирница, богата со многубројни хранливи материи. Пчелниот мед содржи 70 важни состојки и тоа: шеќер кој што го има до 75% ( и тоа гликоза со 30%, фруктоза со 38% и сахароза со 2%, како и малтоза и други дисахариди), вода 17,7 % , органски киселини 0,3%, (јаболкова, винска, лимонска, оксална, млечна), ензими, минерали( железо, бакар, манган, клциум, натриум, магнезиум и др) , витамин Ц и Б комплекс, А, К и Е Медот се користи како лек, како храна или се комбинира со другите намирници. Медот често се комбинира со другите пчелни производи , полен, прополис или млеч кои што не го менуваат неговиот состав туку го прават медот похранлив и полековит. Медот може потполно да го замени шеќерот и вештачките засладувачи. Кај нас редовната употреба на мед е многу слаба. Употреба на медот се зголемува во зимскиот период кога има настинки, вируси , болести.Тогаш луѓето како најдобар сојузник против нив го употребуваат медот. Некои луѓе медот го сакат течен, бистар , не кристализиран, додека други сакаат да  конзумираат  кристализиран мед, или пак мед во пита. Исто така има разлика и во бојата на медот.Некои го сакаат медот со светла боја , кој што има послаб вкус и мирис, за разлика од други кои што сакаат темен мед со поизразен мирис и вкус.Посебен вкус медот дава во кексови и други слатки работи.Производите на мед се сместени во здрава храна, органска или биолошка, каде што медот се користи како природен засладувач.Во домаќинството од мед се прават топли напитоци во кои што медот служи како засладувач во чајот, млеко или алкохолни пијалоци како што е виното. Топлите напитоци засладени со мед помагаат  при преладување и штитат од инфекција. Исто така се призведуваат и лековити препарати на база на мед. Во 1kg мед има хранливи  вредност како да се консумира 3 kg риба, 1 kg шунка, 6 kg портокали и др. Се препорачува да се земаат од две до четири лажици мед дневно

Производ  : - Мед во  тегла, - Органски во пита.

Med Honey