Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Собирање на Полен

Полен е индиректен производ на пчелите, се собира со специјални полено фаќачи кои се поставуваат на влезот во сандакот. Пчелите враќајќи се од паша на своите задни нозе имаат прстени со полен при влез во сандакот тие поминуваат низ решетката на поленофаќачот и поленот  се рони и паѓа во специјалното корито кое е сместено во поленофаќачот. Постојат два поленофаќачи едниот е тој што го споменавме и што се поставува на влезот од сандакот од надвор и се вика надворешен, и вториот  е внатрешен кој се мести на подот од кошницата. Начинот на собирање на поленот е иста за двата вида на поленофаќачи. Надворешните поленофаќачи прво се поставуваат неколку дена без решетка за да пчелите се навикнат на него. Собирањето на полен е најдобро да се врши рано на утро. При тоа собирањето се врши  најкасно до 10 часот. Собраниот полен се суши во сенка или во посебно изработени сушачи. Од како ќе се исуши се сее со сито со цел да се одстранат сите нечистотии при што ќе се добие високо квалитетен полен. Поленот мора да се чува во затворен сад на суво и темно место.