Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Пчеларењето е корисно, убаво, занимливо и здраво занимање.

За да се стане пчелар треба да се постават и одговорат   неколку прашања:


1. Дали пчеларот- почетник може да го поднесе убодот на пчелите;

2. Кога и како може да се набават пчелни сандаци;

3. Со колку пчелни друштва се почнува со пчеларење;

4. Со кој тип на сандаци се пчелари;

5. Каде и како треба да се постават сандаците.

Убодот на пчелите може да го поднеси секој човек. На некој убодот не му смета. Меѓутоа,има луѓе на кои им е доволен само еден убод од пчели и да доведе тој убод до оток. На такви луѓе не му се препорачува да се занимаваат со пчеларење. Пчелите не го познаваат својот “газда”. Човекот не успеал да ги припитоми пчелите. Како пчелите ќе се однесуваат спрема тие што работат со нив зависи од низа фактори. Пчелите се мирни во времето на пашата, кога времето е убаво и тивко, кога во сандаците има доста храна, кога со нив се работи смирено и тивко.

Набавката на првите пчелни сандаци може да се направи на два начини:купување пчелни друштва на пролет  или купување на роеви во лето. Најдобро е да се купат пчелни друштва во пролет. Таквите друштва можат да донесат многу мед.Роевите се купуваат во јуни и јули.

Со колку друштва треба да се почни е важно прашање за секој пчелар почетник. Најдобро е да се почни пчелаењето  со 4 пчелни друштва. Со едно пчелно друштво не е добро да се почне, а со повеќе друштва е уште полошо. Доволни се 4 пчелни друштва се со цел пчеларот почетник да ја провери својата волја, истрајност и задоволство кое пчеларењето го пружи.

Кој тип на сандаци да се набават е прашање кое ги мачи многу пчелари почетници. Во пчеларската пракса се препорачува Лангстрот- Рут(ЛР) сандаци. Лангстрот-Руровите сандаци имаат плодиште и медиште со иста димензија и тие се одвоени со матична решетка за матицата да не неси јајца во медиштето. После нив се Дадан – Блат (ДБ) сандаци.ДБ сандаците се наједноставни за работа и затоа се препорачуваат на пчелари почетници. Обично пчеларите во ДБ сандаците ставаат по 10 рамки затоа што ако пчеларот стави 12 рамки ( некои пчелари ставаат и 12 рамки) кога пчелата ќе го наполни плодиштето со мед таа не преоѓа во медиштето.

za pocetnici за почетници 2