Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Матичен Млеч

Матичниот млеч е густа супстанца со сивкасто бела  боја,кисел вкус и специфичен мирис. Се собира во мали стерилизирани шишенца кои се обвиткуваат со алуминиумска фолија и се ставаат во ладилник.

Матичниот мелч содржи: вода,белковини,масти и  минерални материи.

Во еден грам свеж матичен млеч има многу витамини и тоа: Б1,Б2,Б4,Б12,Б3,Б5,Б6,Ц- витамин,фолна киселина,витамин- Е.

Па затоа се вели дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу комплициран состав и до сега не е пронајдена ниту една материја која содржи толку голем и различен број на витамини. Сам или во комбинација на мед млечот има голема терапеска вредност за одржување на виталноста кај луѓето забавување на стaреењето и продолжување на животот. Матичниот млеч ги регенерира (обновува) клетките на организмот. Тој ја намалува вознемиреноста, го враќа мирниот сон, помага при сенилноста, при Паркинсоновата болест, при астеничните неурози. Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија, а корисен е и за зголемување на телесната тежина, подобрување на општта здравствена состојба, за подобрување на апетитот, за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво. Млечот често се користи кај пореметувања во исхраната кај децата, за обновување на општите белковини и за зголемувањето на нивото на албуминот и алфа-глобулинот, против слабокрвност, за лекување на бронхијална астма, за комбинирано лекување на нервниот систем, па дури се користи и во козметиката.Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго. Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкохолот ги шири порите на слузницата.







Maticen Mlec

Royal jelly