Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн Форум
Апитуризам Апитерапија Производи Контакт Занимливо За Нас Почетна Видео

Полен

Цветен прав (полен) претставува ситни зрнца кои се сместени во прашните кесици (прашниците) на цветовоте.Пчелите почнуваат да го собираат поленот во рана пролет, со појавувањето на првите цветови и штом ќе може да летнат од кошниците. Поленот е составен од јаглехидрати, протеини, витамини и минерали,масни киселини и  други материи.

Поленот најчесто се користи со комбинација на мед но можи и со другите пчелни производи. Во поглед на хранливите и лековитите својства, поленот ја активира работата на мозокот и ја подобрува моќта на концентрација. Поленот го зголемува апетитот и работната способност, покажува одлични резултати во лекување на хронични цревни заболувања. Поволно влијае и кај лекување на слабокрвност. Човекот во својата исхрана е добро да зема по 1-3 мали лажички полен, затоа што тој придонесува за брзо заздравување на болните, како и за подобрување на состојбата кај здравите луѓе како превентива од заболување. Добри резултати се добиваат при слабокрвност, хипертонични заболувања, подобрување на имунитетот, анемија кај децата, рани кои тешко зараснуваат, хронични заболувања кај органите за варење, бубрезите и мочните канали, прерано стареење, артериосклероза, чир, проблеми со желудникот и дванаесетпалачното црево, тешки хируршки операции, интоксикација, истоштеност, тешки физички напори и др.Мажите по 40-тата година, за заштита на простатата, треба секојдневно да земаат по 1 супена лажица или 15 грама полен дневно. Пчелите го собираат поленот затоа што без него не можат да го одгледуваат леглото. Затоа ако нема полен на залиха во сандаците, ќе престане одгледувањето на леглото. Поленот се наоѓа околу леглото зашто служи како храна. И до 4 000 000 зрна полен се собираат при еден лет.

Polen

Pollen