Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Јули
Во месец јули се врши цедење на медот. Цветањето на багремот е веќе завршено а исто така и ливадската паша(доколку има врнежи ливадската паша се продолжува за некое време). Јули е месец кога цвета липата и сончогледот па така сите оние кој што ќе вршат селидба на паша време е тоа да го сторат. При тоа најважна работа за пчеларот е да не дозволи блокирање на матицата доколку сончогледот премногу замедил. Овој месец е најжешкиот во годината, па затоа во некои години доаѓа до стопирање на целата паша при што пчеларот е должен да интервенира со мала количина на сируп во вечерните часови за да не дојде до стопирање на матицата да полага јајца. При крајот на овој месец мора да се изврши детален преглед за да се утврди количината на мед и полен, и да се види состојбата на леглото. Со овој преглед практично и се припремаат за зимување.